Линкови за пристапност

Посакувајќи му среќен роденден пред кошаркарски натпревар во Пјонгјанг

Поранешната ѕвезда во НБА Денис Родман денес ги предводел Севернокорејците во пеењето на песната „Среќен роденден“, во чест на нивниот водач Ким Џонг Ан, непосредно пред одигрувањето на кошаркарски натпревар во Пјонгјанг.

Родман и други поранешни играчи во НБА се во посета на изолираната и осиромашена земја во рамки на таканаречената „кошаркарска дипломатија“, што наиде на голема критика во САД. Според изјавите на сведоци и репортери, околу 14.000 присутни во салата во Пјонгјанг громогласно ракоплескале додека Родман пеел за водачот на режимот што се товари за едни од најтешките кршења на човековите права во светот.

Родман ја брани посетата како обид „да ја отвори вратата кон Северна Кореја“. Тој вели дека не е негова работа да разговара за политика со севернокорејскиот водач, кого го нарекува „добар човек“ и „пријател за цел живот“.

Претставници на Стејт департментот и Белата куќа подвлекуваат дека посетата на Родман одмага, како и дека САД не ја одобруваат.
XS
SM
MD
LG