Линкови за пристапност

Деми Мур и Ештон Кучер се разведоа


Деми Мур и Ештон Кучер се разведоа
Деми Мур и Ештон Кучер се разведоа

Таа се повикува на вредности што не може да ги прегази, тој вели бракот понекогаш не успева.

Деми Мур стави крај на шестгодишниот брак со Ештон Кучер по неодамнешните озборувања во Холивуд дека помладиот актер имал врски со други жени.

„Донесов тешка одлука и неволно, но како жена и мајка постојат одредени вредности што за мене се неприкосновени и решив да се придржувам до нив“, стои во соопштението што го издаде Мур.

33-годишниот Кучер веднаш возврати преку Твитер: “Секогаш ќе се сеќавам на времето минато со Деми како на прекрасен период. Бракот е една од најтешките работи во светот и за жал, понекогаш не успева“.

49-годишната актерка претходно беше 13 години во брак со актерот Брус Вилис, со кого има три ќерки.

XS
SM
MD
LG