Линкови за пристапност

Дарко Митревски: „Трето полувреме“ е против омраза


Дарко Митревски: „Трето полувреме“ е против омраза
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Дарко Митревски: „Трето полувреме“ е против омраза

Интервју со режисерот на македонскиот кандидат за Оскар на маргините на Фестивалот Палм Спрингс.

Приказна за љубовта, војната, холокаустот и фудбалот - го опишува „Трето полувреме“ во неколку зборови режисерот Дарко Митревски.

Фестивалот ги прикажува филмовите кои учествувале во оскаровската трка, нуди пресек на најдоброто од светската продукција, од новиот бран на автори, вели Митревски за Гласот на Америка на македoнски, на прашањето зошто токму Палм Спрингс за официјалната северноамериканска промоција на „Трето полувреме“.

Ова не е филм што испраќа политички пораки
Митревски

Ова не е филм што испраќа политички пораки, додава Митревски, но „во секој случај, зборува за еден период од македонската историја кога се формирале, меѓу другото, и некои политички идеи. Тоа биле идеи кои што ќе вродат со плод долги години подоцна“.

Филмот повлече политичка напнатост на релација Бугарија-Македонија за темата - депортацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна, кога Македонија била под бугарска окупација. Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше цитиран во медиумите дека Бугарија не заслужува филм против неа, затоа што земјата спасила 50.000 Евреи.

Инсерт од Трето полувреме
Инсерт од Трето полувреме
Митревски, пак, со став: „Јас мислам дека овој филм не е проблем на Македонија. Никаков. Ова е македонски филм, но не е наш проблем. Дали е тоа проблем на Бугарија? Веројатно да, доколку Бугарија не може да се соочи со сопственото минато и со некои темни дамки во него. И, секако, е проблем на Европската унија. Ако ЕУ себеси се смета за федерација во која што е можно попречување на цела една земја и цела нација заради уметничко дело, кое што, меѓу другото, кажува стопроцентно потврдени, проверени факти - не од македонски и бугарски, туку од светски - американски и европски авторитети - тогаш Македонија не е таа што има проблем, туку ЕУ“.

Кога веќе е приказна за љубовта, војната, холокаустот и фудбалот, дали, автоматски е и против нешто?

Трето полувреме е против омраза, против идеологиии кои проповедаат нетолеранција, против идеологии кои проповедаат исклучивост.
Дарко Митревски

„Трето полувреме е против омраза, против идеологии кои проповедаат нетолеранција, против идеологии кои проповедаат исклучивост. Трето полувреме, исто како и неговиот автор, е филм кој што е против секој оној кој што може да помисли дека човек заради својата припадност, било верска, било национална, било политичка, било сексуална, било каква негова определба, може да биде понижуван и некој има право да го понижува, да го одземе неговиот имот, да го загрози неговиот живот, или воопшто, на било кој начин негативно да влијае на неговата иднина. Трето полувреме е филм против сите такви идеологии, без оглед на нивниот предзнак“, вели Митревски.

Веќе е склучен договор за прикажување по Австралија, а во тек се преговори за дистрибуција во САД и Канада, открива режисерот.

Митревски најавува дека веќе паралелно работи на неколку други проекти: за аферата Мис Стон, за детството на Мајка Тереза и на еден американски трилер, за кој во моментов пишува сценарио.
XS
SM
MD
LG