Линкови за пристапност

Далај Лама се чувствува „послободен“ без политичка улога


Далај Лама се чувствува „послободен“ без политичка улога

Далај Лама се чувствува „послободен“ без политичка улога

Интервју на духовниот лидер на Тибет за Гласот на Америка

Далај Лама вели дека се чувствува „послободен“ откако ја напуштил функцијата на политички лидер на тибетската влада во егзил.

Но, за Гласот на Америка во Вашингтон тој изјави дека би помогнал во преговорите со Кина доколку биде повикан:

„Сега веќе не сум некој вид на одговорност. Доколку на избраното раководство му треба моја помош, јас сум секогаш подготвен“, нагласи Лама.

Во јавноста остана прашањето дали Далај Лама ќе се сретне со претседателот Барак Обама, со оглед на противењето на Кина. Еве што рече, Далај Лама на тоа: „Го познавам претседателот многу добро, и ако има можност за средба, би бил среќен да се видам со него.“

Тој исто така ја образложи својата одлука да ја напушти политичката функција: „Светот му припаѓа на човештвото, и секоја држава припаѓа на народот – а не на одредена партија или крал или духовен лидер“.

Четиридецениската традиција на Далај Лама на чело на тибетските спиритуални и политички прашања тој ја нарече „застарена“.

Тој исто така кажа дека верува оти има се` погласни повици за политичка реформа и зголемување на спиритуалноста во Кина.

XS
SM
MD
LG