Линкови за пристапност

Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија


Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија

Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија

Тетовчанецот д-р Стојадин Наумовски – Цоци од Детроит е кандидат за пратеник од изборната единица 8 - Канада и Америка, од редовите на опозиционите Обединети за Македонија. Вели: „Ако бидам избран, ќе да дадам личен удел во градењето на институцијата - пратеник, што ќе внесе доверба кај народот во функцијата“.

Д-р Стојадин Наумовски - Цоци веќе 20-тина години живее во општината Стерлинг Хајтс во Детроит. Овој општ лекар е татко на четири деца. Шеговито коментира дека е најдобар пример за изреката - децата се најголемото богатство. Од искуството во политиката, бил член на Oпштината Тетово уште пред 25 години. Неколку години наназад е активен член во етничкиот совет при Oпштината Стерлинг Хајтс, каде живее најголемата македонска заедница во Детроит.

Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија

Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија

„Најголемо богатството на една држава е нејзиниот народ. Дијаспората е дел од македонскиот народ. Ако неа не ја ставиме во завршната сметка, Македонија ќе излезе сиромашна. Македонија е една од најбогатите држави во светот, затоа што не познавам друга држава што има таков народ како македонскиот“, вели Наумовски.

Пратеникот на Обединети за Македонија наведува дека 25 години работи на обединување на дијаспората. Самиот се опишува како независен мислител:

Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија

Д-р Стојадин Наумовски: за дијаспората има само една партија - Македонија

„За мене, Македонија е само целото. Што се однесува до партии, за дијаспората има само една партија – Македонија. Обединети за Македонија зборуваат за обединување, а тоа не е можно без обединување на дијаспората. Јас се борам за обединување на дијаспората и тоа го знаат сите Македонци, каде и да живеат по светот“, вели Наумовски.

За преговорите околу името, потсетува дека Македонија и Грција имаат многу заеднички работи:

„Ние сме култури кои што се испреплетувале низ векови. Ако погледнете археолошки ископини, не треба да правите дебати, кои сме ние, а кои се тие. Дали сме живееле заедно? Одговорот е да. Треба да се закопа воената секира, да се признаат фактите и само на тој начин може да отворите нови односи во иднина. Без да и` погледнете на вистината во очи, не можеме никогаш да појдеме напред. А, преговорите треба да бидат кажување на вистината, затоа што не можеш да го менуваш идентитетот на еден човек“.

Наумовски препорачува Македонија да понуди модел на економска соработка со соседите, без оглед на политичките разлики. Вели, како што е и основата на дипломатијата - и на непријателот да му кажеш дека твоите интереси се и негови интереси.

XS
SM
MD
LG