Линкови за пристапност

Фич: Македонија останува со ББ+


Фич: Македонија останува со ББ+
Фич: Македонија останува со ББ+

Причина стабилната макроекономска политика, наведува агенцијата за кредитен рејтинг

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич ја потврди фискалната стабилност на Македонија со тоа што и` го задржа кредитниот рејтинг ББ+ и одреди дека има позитивен проспект во однос и на странските, и на домашната валута. Фич истовремено го означи краткорочниот кредитен рејтинг на земјата со Б, а крајната граница на задолжување со БББ-.

„Рангирањето се базира врз солидната рамка на макроекономска политика, ниската владина задолженост и дефицит, како и стабилниот банкарски систем. Сепак, и натаму демнат фискалната ранливост и политичките ризици“, вели Матео Наполитано од групацијата Фич.

Во 2011-та, оваа француско-американска агенција очекува владата да ги оствари или благо да ги надмине проекциите за дефицитот од 2,5% од брутодомашниот производ. Фич предвидува намалување на дефицитот на 2% проценти до 2013-та и задржување на јавниот долг до 30%.

Севкупно, кога станува збор за банкарскиот систем, Македонија останува на ниво со низок ризик, споредено со земјите во регионот, стои во соопштението на Фич.

XS
SM
MD
LG