Линкови за пристапност

Конгресот постигна спогодба, избегнато владиното затворање


Конгресот постигна спогодба, избегнато владиното затворање
Конгресот постигна спогодба, избегнато владиното затворање

Сепак, законодавците се` уште се договараат за продолжување на даночното олеснување за платите.

Конгресот постигнал согласност за финансирање на владата до крајот на фискалната година. До договорот дојде на само еден ден пред истекот на крајниот рок, по кој владата ќе мораше да стави катанец на вратата.

Законодавците доцна синоќа соопштија дека одобриле 1 трилион долари за финансирање на владините операции до крајот на фискалната 2012-та година, што завршува наредниот септември. Меѓутоа, тие се` уште се договараат за продолжување на даночното олеснување за платите. Претседателот Барак Обама предупреди дека доколку не најдат заеднички јазик, 160 милиони американски работници наредната година ќе мора да одвојуваат повеќе од примањата за давачки кон државата.

Главен проблем е како да се покрие кусокот создаден од тоа даночно скратување. Демократите сметаат дека треба да се зголемат даноците на најбогатите Американци, оние кои заработуваат над 1 милион долари, додека републиканците се против. Според добро упатени извори, евентуалниот договор нема да вклучи ново оданочување на најбогатите.

И Претставничкиот дом, и Сенатот денес допрва треба да го усвојат буџетот. Во спротивно, Владата не ќе има средства и дел од неа ќе мора да затвори за работа на полноќ.

XS
SM
MD
LG