Линкови за пристапност

Конгресмен бара истрага за филмот за Осама бин Ладен


Конгресмен бара истрага за филмот за Осама бин Ладен

Конгресмен бара истрага за филмот за Осама бин Ладен

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вели дека тврдењата се „смешни“

Американски законодавец повикува на истрага за контактите меѓу администрацијата на Обама и филмски работници кои работеле на проект за деценија-долгата потрага по Осама бин Ладен, вклучувајќи го и упадот од 2-ри мај во кој беше убиен поранешниот лидер на ал-Каида.

Републиканскиот конгресмен Питер Кинг, претседател на Комисијата за домашна безбедност на Претставничкиот дом го поставува прашањето дали Белата куќа дискутирала за класифицирани информации и компромизирала методи на специјалните операции.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вели дека тврдењата се „смешни“ и дека ништо од чувствителна природа не било споделено.

Пентагон и Белата куќа велат дека редовно обезбедуваат помош во истражувањето на режисери и автори.

Режисерката Кетрин Бигелоу и писателот Марк Боал дадоа изјава дека со години работеле на проектот, уште од времето на администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

XS
SM
MD
LG