Линкови за пристапност

Осомничениот за масакрот во Колорадо изведен пред суд


Ова за Џејмс Холмс беше прво појавување во јавност по настанот од петокот, при што само му беше прочитано зошто е држен.

Осомничениот за убиство на најмалку 12 лица, и 58 повредени во кино сала во градот Аурора близу Денвер за прв пат се појави пред суд, во време кога инспекторите продолжуваат со истрагата по настанот кој довел до пукањето на премиерата на новиот филм за Бетмен.

Дваесетичетиригодишниот Џејмс Холмс имаше бледа портокалова боја на косата, изгледаше дезоориентиран и без емоции, и со тап поглед во празно кога судијата му рече дека има доволно докази да го обвини за убиство од прв степен.

Судијата нареди Холмс да остане задржан во притвор до следниот понеделник, кога треба да се врати во судот и против него формално да биде покренато обвинение. Канцеларијата на обвинителот најави дека ја разгледува можноста да побара смртна казна.

Холмс се наоѓа во самица откако полицијата во петокот го уапси пред кино сала во градот Аурора. Властите велат дека одбива да соработува и засега нема одговор што го натерало да отворило оган на посетителите на долгочекуваната, полноќна премиера на филмот.

Овој немил настан повторно ја отвори дебата за контрола на оружјето во САД, особено поради недостигот на регулатива за купување муниција преку интернет.

Властите велат дека Холмс купил илјадници куршуми преку интернет неколку месеци пред нападот.

Има многу во САД кои велат дека е легитимно право за спортски ловџија да може да набави муниција преку интернет.
XS
SM
MD
LG