Линкови за пристапност

Кинескиот потпретседател во Вашингтон


Кинескиот потпретседател во Вашингтон
Кинескиот потпретседател во Вашингтон

Непосредно пред посетата се огласи против зголемено армиско присуство на САД во Азија.

Непосредно пред пристигнувањето во Вашингтон на четиридневна посета, кинескиот потпретседател Ши Џинпинг ги предупреди САД да не го зголемуваат армиското присуство во Азија. Ши, за кого нашироко се очекува да застане на чело на Комунистичката партија подоцна годинава, за весникот „Вашингтон пост“ коментираше дека азиските држави тежнеат кон мир и развој и не сакаат САД да ги зголемуваат своите сили во регионот. Претседателот Барак Обама неодамна најави дека планира да ја пренасочи армиската моќ кон Азија, во исто време додека го намалува присуството во другите делови на светот.

Говорејќи за економските теми на дневниот ред на посетата, Ши рече дека Кина ќе ги разгледа бројните прашања за кои САД пројавуваат загриженост, како заштитата на интелектулната сопственост, вредноста на кинеската валута на пазарот, како и создавањето на транспарентна клима за инвестиции базирана врз владеењето на правото.

Ши ќе се неговиот формален домаќин, потпретседател Џо Бајден, а ќе присуствува и на ручек во Стејт департментот што го организираат потпретседателот и државната секретарка Хилари Клинтон.

Во среда, Ши ќе ги посети сојузните држави Ајова и Калифорнија.

XS
SM
MD
LG