Линкови за пристапност

Кина ги предупредува САД против донесување мерка на осуда на Пекинг


Кина ги предупредува САД против донесување мерка на осуда на Пекинг

Кина ги предупредува САД против донесување мерка на осуда на Пекинг

Членови на Сенатот вчера вечер изгласаа ставање на предлог-законот на расправа

Кина предупредува на сериозни пореметувања во американско-кинеските трговски односи, доколку Сенатот изгласа мерка со која ќе го казни Пекинг за намерно потценување на нивната национална валута.

Членови на Сенатот вчера вечер изгласаа ставање на предлог-законот на расправа, овозможувајќи неколкудневна дебата пред да биде ставен на усвојување. Ако актот биде изгласан, САД може да воведат одмазднички тарифи за секоја држава што намерно ја држи вредноста на валутата на вештачки ниско ниво.

Кинески официјални лица го отфрлија предлог-законот во Сенатот и рекоа дека САД го користат прашањето со вредноста на валутата за нивните протекционистички трговски мерки.

XS
SM
MD
LG