Линкови за пристапност

Кина вели дека не се занимава со кибернетско шпионирање


Пентагон во нов извештај тврди дека Кина неосновано презема информации за американската надворешна политика и воени планови.

Кина ги отфрли американските извештаи кои го обвинуваат Пекинг дека користи кибернетска шпионажа во обид да добие информации за американската надворешна политика и воените планови.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи на брифинг за новинарите рече дека тврдењата се неосновани и неодговорни и само ќе им наштетат на кинеско-американските односи.

„Кина многупати има обелоденето дека стриктно се противи на било која форма на кибернетски напад. Ние сакаме конструктивен дијалог за кибернетската безбедност со САД. Енергично отфрламе неосновано критикување. “, истакна портпаролот.

Извештајот од Пентагон посочува дека кибернетските напади врз компјутерските системи на американската влада најверојатно доаѓаат од кинеската влада и воените организации.

Ова е прв прв во годишниот извештај за кинеската армија, отворено да се обвини Пекинг да целење врз американските одбранбени мрежи.

Американски официјални лица го зголемија критикувањето на Кина во оваа област. Но, истовремено, се воздржуваа од директни обвинувања против кинеската влада и се надеваа дека преку разговори ќе го решат проблемот.

Стив Ѕанг, кинески стипендист при британскиот Универзитет во Нотингем, за Гласот на Америка рече дека верува Пентагон мора да најде конкретен доказ за да направи толку силни обвинувања.

Претходно, американската безбедносна групација за заштита на податоци на интернет, Мандиант, објави детален извештај во кој ја обвини кинеската армија за кражба на информации за околу 150 американски компании и организации.

Кина ги отфрли обвинувањата и рече дека тие се базирани на претпоставки.
Официјален Пекинг исто така ги критикуваше САД дека обвинуваат без да обезбедат доволни докази.
Ѕанг подвлече дека ќе биде тешко САД да обезбедат докази за кинески хакери:

„Кинезите немаат што да загубат освен да инсистираат од Американците да обезбедат доволно докази. Ако Американците тоа го обезбедат, тогаш тоа ќе им овозможи на Кинезите да се подготват за контрамерки“, вели овој стипендист.

Извештајот е фактографски, а не шпекулативен
Американскиот заменик-асистент државен секретар за одбрана Дејвид Хелви го опиша извештајот како фактографски, а не шпекулативен. Тој рече дека извештајот ги рефлектира политичките погледи на американската влада.

Извештајот посочува дека Кина користи кибернетски напади за собирање информации како дел од поширока индустриска шпионажа со цел да стаса до напредна технологија која е поврзана со западните земји и со САД.

Во извештајот се посочува дека Кина ги модернизира балистичките проектили со кус дострел и ја зголемува бројката на такви со среден достел.

„Загрижени сме за можноста Кина да произведе проектили кои ќе имаат воена моќ со голема прецизна дистанца од Кина“, рече Хелви.

Многу од кинеските соседи изразија загриженост дека Кина ја развива сопствената воена моќ за да стане агресивна во одбраната на проблематичните спорови, како, на пример, во Јужното кинеско море.
XS
SM
MD
LG