Линкови за пристапност

Ракување после тепачка


Ракување после тепачка

Ракување после тепачка

Американски и кинески кошаркари си подадоа рака еден ден откако разменија тупаници на „натпревар на добра волја“

Кошаркарите на Баји Рокетс и Џорџтаун си подадоа рака еден ден откако „натпреварот на добра волја“ меѓу нив во Пекинг беше прекинат поради општа тепачка.

Играчите на Баји Рокетс се ракуваa со тренерот на Џорџтаун Џон Ромпсон III и двајца играчи на американската универзитетска екипа на аеродромот во Пекинг. Во соопштение од универзитетот се вели дека средбата била пријателска. Ромпсон и неговиот кинески колега Адиџанг се ракувале и изразиле интерес да задржат добри односи.

Ромпсон ги повлече играчите во соблекувалната од безбедносни причини на 9 минути и 30 секунди до крајот на четвртата четвртина, при резултат 64:64.

Репортер на Вашингтон Пост, кој го следел натпреварот, вели дека повлекувањето уследило по размената на тупаници меѓу играчите. Публиката фрлала шишиња со вода по американските играчи, а неидентификувано лице нападнал еден од нив со столче.

На фотографија во весникот Чајна дејли се гледа како тројца кинески играчи, потпомогнати од друго лице, удираат паднат кошаркар од Џорџтаун, кој се обидува да се одбрани и да стане.

Натпреварот се одигра во време кога потпретседателот Џо Бајден е во посета на Кина на разговори за економските односи меѓу двете земји. Тој не присуствувал на натпреварот, иако еден ден претходно беше на меч на Џорџтаун против друга кинеска екипа.

Од кинеските власти нема официјална реакција. Во Вашингтон, Стејт департментот изрази жалење за инцидентот. Тренерот на Џорџтаун издаде соопштение во кое вели дека натпреварот меѓу две големи екипи бил на исклуличително големо натпреварувачко ниво и искрено жали што дошло до инцидентот.

XS
SM
MD
LG