Линкови за пристапност

Бајден во Кина


Бајден во Кина

Бајден во Кина

Економијата и Тајван на дневен ред на американскиот потпретседател

Џо Бајден денес ќе замине за Кина, каде се очекува да даде гаранции за американската економија и да изгради односи со новата генерација кинески водачи.

Американскиот потпретседател особено ќе се насочи на средбата со неговиот кинески колега Ши Џинпинг, кој треба да го наследи кинескиот претседател Ху Џинтао во 2013-та.

Кина, од своја страна, најверојатно ќе се спротистави на претстојната продажба на американско оружје на Тајван и ќе ги повика САД да се држат понастрана од територијалниот спор во Јужното Кинеско Море.

Бајден ќе ја посети Монголија за да ја афирмира заложбата на таа земја за демократски реформи, како и Јапонија, каде ќе ги посети подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес на 11-ти март.

XS
SM
MD
LG