Линкови за пристапност

Пукотница во Чикаго


3-годишно дете е меѓу најмалку 13-те повредени во пукотница што се случила синоќа во парк во Чикаго, соопшти полицијата.

Според властите, детето и уште двајца други ранети во текот на ноќта биле во критична состојба.

Полицијата го загради кошаркарското игралиште каде повредените ги затрелал напаѓач кој бил во автомобил во движење. Полицијата претпоставува дека се работи за насилство поврзано со бандите во градот.

Насилството со огнено оружје во Чикаго годинава е во пораст. Само пред три недели, викендот за празникот Денот на трудот, беа убиени осум лица, а имаше најмалку 20 повредени.
XS
SM
MD
LG