Линкови за пристапност

Чикаго хокеарски шампион на САД


Чикаго блекхокс го освоија Стенли купот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Чикаго блекхокс го освоија Стенли купот

Го освои претсижниот Куп Стенли во трилер-завршница, Бостон загуби во последната минута од мечот

Чикаго блекхокс е шампион на американската Национална хокеарска лига (НХЛ). Во драматично финале го совлада Бостон бруинс со 3:2 на пеколниот гостински терен и го освои престижниот Куп Стенли.

Бостон водеше со 2:1 на нешто повеќе од минута до крајот на натпреварот, но со два гола постигнати за 17 секунди, на Брајан Биквел и Дејв Боланд, Чикаго направи пресврт и ја занеме домашната публика. Така, серијата натпревари „најдобар од седум“ заврши со 4:2 за Бостон.

Ова е втора титула за Чикаго во последните четири сезони.

За најкорисен играч беше прогласен Патрик Кејн од Чикаго, кој постигна 9 гола во плејоф натпреварите.
XS
SM
MD
LG