Линкови за пристапност

Започна пописот во Македонија


Започна пописот во Македонија
Започна пописот во Македонија

Исполитизиран уште пред да почне, процесот засега се одвива без проблеми

Почна со оставки на првите луѓе на Државната пописна комисија, со тензии и физички пресметки меѓу инструкторите и попишувачите. Трет ден населението во Македонија се попишува. По напнатоста во првите два дена, најмасовната статистичка операција во земјата влезе во мирни води.

Единствен проблем кој остана уште од почетокот се техничките проблеми - недостаток на материјал и непојавување на некои од попишувачите.

Владата со соопштение ги предупреди сите оние кои се избрани да учествуваат во статистичката операција дека ќе мора да се појават - во спротивно ќе има казни. Најавуваат дека сите боледувања и други документи врз основа на кои попишувачите од редовите на администрацијата бараат изземање, ќе бидат предмет на проверка од лекарски комисии и секоја злоупотреба ќе се казнува според законот. Министерката за внтрешни работи Гордана Јанкуловска потврди дека полицијата го засилила своето присуство на теренот за мирен процес, а ако има потребна ќе се активира и посебен штаб на МВР, формиран токму за оваа цел.

„Институциите бескомпромисно ќе реагираат доколку се појават било какви аномалии. Во повеќе наврати како влада кажавме дека законот мора да се почитува во целата негова содржина и дека пописот мора да биде реален и да ја рефлектира состојбата на терен“, вели Јанкуловска.

Оставката на попретседателот , а потоа и на претседателката на Државната пописна комисија, Абдулменаф Беџети и Весна Јаневска, секој од свои побуди, уште пред да започне му даде политичка димензија на пописот. Се јавија некои аналитичарите и од едната и од другата страна, кои тврдат дека целта е едната страна да добие на сметка на другата. За оние од етнички албанскиот кампус, толкувањето на законот во однос на попишувањето на граѓаните кои се на подолг престој во странство, има за цел да се прикаже помала бројност на албанското население во земјата, а со тоа да се намалат и нивните права, кои според, Рамковниот договор се врзуваат за токму за овој податок. За аналитичарите – Македонци, пак, власта се обидува да исполитизира една чиста статистичка операција.

Власта не е способна да спроведе попис - се огласи опозицијата.

„Актуелната власт мисли дека како што мести тендери може да ги намести и пописните резултати. Очигледно дека пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за хашките случаи има и нови продолженија. Одговорноста за политичките злоупотреби на пописот е на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави претеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.

За портпаролот на ДУИ, пак, Бујар Османи, пописот не е политизиран, туку перцепцијата за него:

„Резултатите од пописот влијаат и на политичките случувања и политичкото планирање во државата и затоа треба да бидеме внимателни кога даваме изјави од тој тип“, вели Османи.

Над 16 .000 попишувачи на први октомври, под будното око на набљудувачите од ЕУРОСТАТ излегоа на терен за спроведување на деветтиот попис. Според проценките на Државниот завод за статистика, се` треба да се заврши до 15 октомври, иако доколку има причини, пописот ќе биде продолжен за неколку дена.

XS
SM
MD
LG