Линкови за пристапност

Британија ќе се справи со насилството на американски начин


Британија ќе се справи со насилството на американски начин
Британија ќе се справи со насилството на американски начин

Британскиот премиер рече дека ќе побара совет за борба против бандите од американски градови со такво искуство

Британскиот премиер рече дека ќе ги примени солуциите кои ги користат САД во справувавање со насилство на банди. Тој ова го објави една недела по немирите кои го зафатија Лондон и други градови во Британија.

Дејвид Камерон рече дека ќе бара совет од американските градови кои се справувале со банди, вклучувајќи го Бостон, Њујорк и Лос Анџелес.

Камерон на вонредната седница на Парламентот рече дека ја разгледува можноста за онеспособување на веб страниците на социјалните мрежи што демонстрантите ги користеле за координирање на активностите.

Тој рече дека ќе им даде дополнителни овластувања на полицајците, вклучувајќи и одобрение да можат да им наредат на младите да ги симнат маските, со цел да се спречи улично насилство.

Премиерот првично го критикуваше одговорот на полицијата на нередите, но подоцна призна дека полицијата била помалубројна од групите на бунтовници во првата ноќ на нереди.

Премиерот Камерон рече дека ќе го задржи поголемото полициско присуство од 16.000 полицајци на улиците на Лондон и следните денови и дека би земал предвид барање помош од армијата доколку има потреба.

Британската полиција вели дека 68-годишен човек кој беше нападнат за време на нередите им подлегнал на повредите и стана петта жртва на нередите.

Полицијата упаси повеќе од 1.200 лица од почетокот на демонстрациите во саботата.

XS
SM
MD
LG