Линкови за пристапност

Преживеаниот бомбаш префрлен во друг објект


Неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев загина минатиот четврток во престрелка со полицијата.

Американските власти соопштија дека Џохар Царнаев, осомничениот ва нападот во Бостон од болницата каде беше донесен по апсењето, за третман на повредите во судирот со полицијата, е префрлен во федерален медицински притворен центар во сојузната држава Масачусетс. Нема многу детали за потегот, освен што во јавноста излегоа поплаки од повредените во бомбашкиот напад дека не сакале да бидат во иста установа со оној што ги повредил.

Неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев загина минатиот четврток во престрелка со полицијата.
XS
SM
MD
LG