Линкови за пристапност

Сопругата на бин Ладен пет години не излегла од куќата


Сопругата на бин Ладен пет години не излегла од куќата

Сопругата на бин Ладен пет години не излегла од куќата

Пакистански разузнавачки лица јавија дека една од жените на Осама бин Ладен им рекла дека пет години не излегла надвор од ѕидовите на куќата каде беше убиен лидерот на ал-Каида

Разузнавачите пренесоа дека жената од јеменско потекло, позната како „Амал“ е една од најмалку три жени на бин Ладен. Не е јасно каде се другите жени и роднини на бин Ладен.

Во меѓувреме, Ал-Каида ја потврди смртта на Осама бин Ладен. Соопштението денеска се појави на џихадистички интернет-форуми.

Денес, стотици демонстранти излегоа на улиците во југозападниот град Куета во знак на осуда на американската акција во која беше убиен првиот човек на ал-Каида.

Демонстрантите скандираа анти-американски слогани. Еден свештеник проповедаше дека смртта на бин Ладен ќе произвла илјадници други екстремисти како него.

Проширениот анти-американизам во Пакистан е подгреан со 10-годишната војна во Авганистан и напорите на ЦИА да ги искоренат милитантите кои живеат во пакистанските племенски појаси.

XS
SM
MD
LG