Линкови за пристапност

Граѓаните и светските лидери позитивно реагираат на веста за смртта на бин Ладен


Граѓаните и светските лидери позитивно реагираат на веста за смртта на бин Ладен

Граѓаните и светските лидери позитивно реагираат на веста за смртта на бин Ладен

Веднаш по обраќањето на претседателот, пред Белата куќа се собраа граѓани кои ја славеа веста

Граѓаните и светските лидери се огласија на веста за смртта на лидерот на Ал-Каида Осама бин Ладен:

И пред Белата куќа во Вашингтон, беше живо по веста за смртта на бин Ладен.

„Го бркавме овој дух бин Ладен ширум Авганистан, Пакистан, Ирак, Јемен и конечно може да ги вратиме војниците дома и да ги употребиме во заштита на нашите граници од други терористичките напади. Не мора повеќе да испраќаме војници или да вршиме инвазија врз други земји. Денес е голем ден за нас“, изјави еден од славениците.

Луѓе спонтано се собраа и на Тајмс Сквеар во Њујорк, каде некогаш се наоѓаа Кулите - близначки:

„Ова е тешко прашање; да славиш нечијата смрт е лудост, но како Американци загубивме многу човечки животи и ова е време кога може да се обединиме, околу тоа што го постигнавме“, изјави еден од насобраните, Шон Лукашевич.

Авганистанскито претседател Хамид Карзаи ги повика авганистанските Талебанци да се воздржат од престрелките:

„Страдавме од тероризмот многу години. Ал-Каида уби и повреди многу лица. И денес, наши луѓе се жртвувани и повредени. Ние учествуваме во војната против тероризмот. Нашите граѓани се жртвуваат и се надевам дека тероризмот ја сретна својата судбина со убивањето на Осама“.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја окарактеризира смртта на бин Ладен како „значајно достигнување“.

Британскиот премиер Дејвид Камером рече дека веста за убиството на лидерот на Ал –Каида нуди „големо олеснување“ на луѓето ширум светот.

XS
SM
MD
LG