Линкови за пристапност

Потпретседателот Бајден ќе ја посети Украина


Biden in Ukraine

Biden in Ukraine

Белата куќа загрижена за „руското натамошно кршење на договорот со Украина постигнат на 5-ти септември во Минск“

Американскиот потпретседател Џо Бајден замина на петдневна турнеја по странство, за време на којашто ќе се срете се украинскиот државен врв, подоцна неделава.

Виш претставник на Белата куќа најави дека Бајден ќе ја пренесе американската загриженост за „руското натамошно кршење на договорот со Украина постигнат на 5-ти септември во Минск“. Таа спогодба наложи прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Белата куќа наведува дека Русија не презела суштински чекори да ги исполни своите обврски од договорот, како што е повлекување на сите свои сили од Украина и запирање на протокот на платеници , оружје и опрема преку границата. Официјален Вашингтон тврди дека Москва исто така не дозволила меѓународна набљудувачка мисија да ја следи ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина.

За време на посетата на Украина, Бајден ќе учествува и на тркалезна маса за борбата против корупцијата и правните реформи.

Американскиот потпретседател на оваа турнеја ќе ги посети и Мароко и Турција.

XS
SM
MD
LG