Линкови за пристапност

На дневен ред трговијата, повлекувањето од Авганистан, предлогот за безвизен режим за стручните кадри...

Американскиот потпретседател Џо Бајден денес започнува со четиридневна посета на Индија. На неговиот дневен ред е средба со индискиот премиер Манмохан Синг во Њу Делхи. Потоа ќе замине за Бомбај, каде пред група деловни лидери ќе разговара за економски прашања.

Во денес објавеното интервју во весникот Тајмс оф Индија, Бајден наведува дека се залага за јакнење на билатералната трговија, која годинава се очекува да достигне ниво од 100 милијарди долари.

Американскиот потпретседател планира да се осврне и на индиската безбедносна загриженост поради повлекувањето на САД од Авганистан и евентуалното враќање на Талибан на власт.

Тој ќе разговара и за предлозите во Конгресот за укинување на визите за стручните кадри од странство, што е од голем интерес за технолошката индустрија на Индија.
XS
SM
MD
LG