Линкови за пристапност

Бројни угледни лица се простија од Бети Форд


Бројни угледни лица се простија од Бети Форд
Бројни угледни лица се простија од Бети Форд

Нејзините останки ќе бидат пренесени во Мичиген, каде што е погребан нејзиниот сопруг

Првата дама Мишел Обама и поранешниот претседател Џорџ Буш беа меѓу присутните на погребот на поранешната прва дама Бети Форд која почина во петокот во Калифорнија на 93 годишна возраст.

Розалин Картер, уште една поранешна прва дама и блиска пријателка на Бети Форд, одржа еден од трите посмртни говори за нејзиниот живот.

Погребната служба се одржа во црквата Палм Десерт во Калифорнија. Нејзините посмртни останки ќе бидат пренесени во Мичиген, каде ќе биде погребана до нејзиниот сопруг, кој почина во 2006-та.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и Ненси Реган, обете поранешни први дами, присуствуваа на погребот.

XS
SM
MD
LG