Линкови за пристапност

Матурантката Златку во иницијативата Бенџамин Франклин


Ја претставува Македонија во програмата што ја спонзорира Стејт департментот, а ја реализира Универзитетот Вејк Форест од Северна Каролина

Размена на идеи за принципите на заеднички вредности и соработка - ова се првичните впечатоци на Фјола Златку, матурантка од Скопје за Трансатлантската студентска иницијатива Бенџамин Франклин.

Програмата, која трае четири недели, ја спонзорира Стејт департментот, а ја реализира Универзитетот Вејк Форест од Северна Каролина. Фјола веќе минала една недела на универзитетот.

Конкурсот за учество во програмата го објавува Амбасадата на САД во Македонија, еднаш годишно.

„Целта на програмата е да се поттикнат младите да учествуваат што повеќе во проекти преку кои може да придонесат во нивните држави, за да сменат нешто во општеството“, вели Златку, која вчера беше гостинка на Гласот на Америка.

Таа го истакнува интерактивниот аспект на програмата, со “бројни дебати и симулации“. Наученото со задоволство би го пренела во Македонија.

Ја интересираат јазиците - говори седум. Вели, ужива да ги открива сличностите, но и разликите со своите врсници од разни делови од светот. По првпат е во САД. И` годи што е претставник од Македонија.

Мислам дека мојот живот огледало, ако не вистинското, тогаш едно од двата милиона огледала на Македонија
„Чувството е посебно, затоа што јас сум единствената од Македонија. Ме прашуваат, како е во Македонија? Дури, некои не знаат каде се наоѓа, кој е главниот град? Јас им разоткривам. Можам да споделам искуства од мојот живот.

Мислам дека мојот живот е огледало, ако не вистинското, тогаш едно од двата милиона огледала на Македонија“, вели оваа матурантка од Скопје.
XS
SM
MD
LG