Линкови за пристапност

Зимските вкусови на пивото!


Зимските вкусови на пивото!

Зимските вкусови на пивото!

Од серијата – Само во Америка: Дали е до пивото, или до името?

Новогодишните и божиќни празници се необичен период за - пивата во САД. Одеднаш, виулица од нови видови, па може да пробате пиво со вкус на чоколадо, тиква, цимет, ѓумбир и други што се дел од празничниот декор.

Познатата марка Семјуел Адамс за празниците ги нуди „Дренки ламбик“ и „Олд физвиг ејл“. Еден искусен пивопиец кој пишува критики за квалитетот на пијалокот, го опишува искуството со Физвиг како „вкус полн со пивослад“.

„Празничните“ пива обично се потемни, побогати со хмељ и со поголем процент на алкохол. Можете да бирате меѓу имиња како „Зимска краткоденица“, „Стар јубилеј“, „Зимско загревање“, „Снежен врв“, „Пиво за хибернација“, „Од приватните резерви на Дедо Мраз“...

На празничните пива мора да им оди добро – како инаку да се објасни фактот дека најмалку 100 пивари во САД излегуваат со зимски видови?

Дали во чашата ви е „Оревокршачка“, „Шанса за снежно невреме“ или пак „Игло“, ако сте љубител на пиво вака доцна во годинава – имате голем избор. Наздравје!

XS
SM
MD
LG