Линкови за пристапност

Македонија ќе ја задржи препораката за старт на преговори со ЕУ, се бара решение за проблемот со името

  • Борјан Јовановски

Утре во Скопје доаѓа Бан Ки-мун придружуван од Метју Нимиц

Шефот на дипломатијата Никола Поповски и вицепремиерката за европски интеграции денеска во Брисел се сретнаа со комесарот за проширување Штефан Филе. Се разговарало за текот на претпристапниот дијалог кој започна на 15 март годинава. Со овој процес владата презема обврски до октомври да спроведе реформи со кои ќе се надминат порблемите забележани во Извештајот за напредок на ЕК, објавен лани во октомври.

Комесарот Филе неодамна оцени дека Македонија направила значаен напредок во овој процес.

„Мислам дека реално Македонија има направено исклучително значаен напредок на оваа агенда. Тие оценки беа веќе презентирани и ја одразуваат реалноста и посветеноста која ја имаме во овој процес“, изјави Никола Поповски за Канал 5 ТВ.

„Процесот во кој е вклучена Македонија, е шанса за Македонија“, оцени во изјавата за канал 5 Теута Арифи.

„Ги зголемуваме нашите шанси за се`, ако се покажеме како сериозни во исполнувањето на дијалогот на високо ниво. Во моментот тоа е најсилната карта што РМ ја има во свои раце и навистина треба да ја искористи“, кажа Арифи.

Штефан Филе треба да ја посети Македонија на 17 семптември кога ќе се одржи третата рунда разговори во процесот на дијалгот на високо ниво. Македонија согласно Патоказот усвоен од Владата во овој процес се обврза да преземе низа мерки со кои ќе се подобрат состојбите во судството, слободата на медиумите, бизнис климата, борбата против корупцијата и имплементацијата на Рамковиот договор.

Арифи и Поповски во Брисел учествуваат во работата на Советот за стабилизација и асоцијација. Во рамките на овој Совет тие утре ќе се сретнат и со новиот претседавач на ЕУ, шефот на кипарската дипломатија, кој од први јули го презеде претседавањето со Советот на министри.

Комесарот Штефан Филе изрази надеж дека до декември ќе се постигне напредок во преговрите со Грција со што ќе се овозможи зелено светло за старт на преговри за членство. Со цел да го потикне процесот за изнаоѓање на решение на проблемот со името, утре во Скопје во рамките на балканската турнеја доаѓа генералниот скеретар на ООН, Бан Ки-мун придружуван од медијаторот во грчко-македонскиот спор, Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG