Линкови за пристапност

Конгресен распит: и балканските лидери да преземат одговорност

  • Ведран Андоновски

Помошникот-државен секретар Филип Гордон на синоќешниот конгресен распит за состојбите на Балканот

Помошникот-државен секретар Филип Гордон на синоќешниот конгресен распит за состојбите на Балканот

Гордон: САД имаат јасна цел – евроинтеграција на регионот. Вокер: координиран притисок од ЕУ и САД за спорот со името

Западниот Балкан е клучен дел од Европа и американската политика има јасна цел – да ги интегрира земјите од регионот во евро-атлантските институции, порача помошник-државниот секретар Филип Гордон на синоќешниот конгресен распит за состојбите на Балканот.

Американската помош се насочува на основните преостанати предизвици во Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора, истовремено со пофундаменталните проблеми на демократски реформи и економска модернизација во Косово и Босна и Херцеговина, рече Гордон. Вашингтон се обидува да привлече средства за Балканот од земјите на Централна и Источна Европа и ЕУ, а долгорочна цел е да најде начин да го сподели помагањето со новите сојузници во регионот.

Гордон побара активен однос и од самите балкански фактори.

Иако САД и ЕУ имаат важна улога да ја завршат работата на Балканот, главната одговорност паѓа на граѓаните и водачите во регионот. Балканските водачи мора да покажат подготвеност да ги надминат етничките поделби од минатото и личните интереси и да се насочат на реформи и компромиси, подвлече американскиот дипломат.

Гордон го повтори ставот на Вашингтон дека Македонија ќе влезе во НАТО веднаш по решавањето на спорот со името.

Поранешниот амбасадор во НАТО Курт Вокер, кој сега се бави со меѓународни прашања во Групацијата БГР, процени дека сегашниот ќорсокак во врска со спорот околу името не е во интерес ниту на Македонија, ниту на Грција, ниту пак на Европа, балканските народи и САД. Вокер мисли дека е време за координиран напор на САД и ЕУ да ја реафирмираат валидноста на Времената спогодба, и, со употребата на привремената референца ФИРОМ, Македонија да влезе во НАТО и да направи напредок кон ЕУ. Истовремено, овој аналитичар препорачува главен политички притисок врз Македонија и Грција, и со стимулции, и со дестимулации, што би го поддржал процесот во ОН и би ги довел двете земји до конечно решение.

XS
SM
MD
LG