Линкови за пристапност

Од серијата „Само во Америка“: се` на продажба - од половина празна паста за заби – до скапоцен накит.

Милиони Американци патуваат со авион, но нивниот багаж не секогаш пристигнува со нив. Во најчест број случаи, тој ќе биде пронајден и вратен на сопственикот, но што со оној на кој ознаките му паднале, а никој не се пријавил да го подигне? Покрај багажот, патниците забораваат секакви предмети во авионите.

Авионските компании во рок од 90 дена се обидуваат да го најдат сопственикот. По то рок, буквално остануваат со илјадници куфери. Не можат да ги задржат, затоа што не се складишта, а според законот и не смеат да ги продаваат.

Штом осигурителните компании ќе ја исплатат штетата за загубениот багаж, го купува една уникатна продавница во гратчето Скотсборо, сојузната држава Алабама, и тоа неотворен!

Продавницата се вика „Центар за неподигнат багаж“. Толку е популарна, што е најпозна туристичка атракција во Алабама! Секоја година, еден милион посетители трагаат по ваковото загубено богатство.

Секој ден, продавачите нудат 7.000 нови предмети и поискусните муштерии се грабаат!

Во продавницата може да најдете се` - од скап накит до палки за хокеј, најпроданите новели, кожни јакни, касетофони, опрема за сурфање, па дури и половина празна паста за заби! За последнава би платиле 50 центи, најмногу - долар!

Во „Центарот за неподигнат багаж“ може да најдете и оружје, илегални наркотици, па дури и жива змија-ѕвечарка!

Дел од продавницата е претворена и во музеј, каде се зачувани најнеобичните продибивки, како скапоцени гајди, погребна маска на египетски фараони и средновековен витешки штит!

На помалку од половина процент од вкуниот багаж што го пренесуваат американските авио-компании на крајот нема да му се најде сопственикот и тој може да заврши во оваа продавница.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG