Линкови за пристапност

Нова студија за аутизам наведува зголемен ризик


Нова студија за аутизам наведува зголемен ризик

Нова студија за аутизам наведува зголемен ризик

Помладите деца во семејства каде постарите патат од болеста се со поголем ризик да заболат отколку што порано се претпоставуваше

Според најнова студија, деца чии постари браќа или сестри боледуваат од аутизам, се со поголем ризик и самите да заболат отколку што порано се претпоставуваше.

Истражувањето на научниците од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, што опфатило над 650 доенчиња кои имале постари браќа или сестри со аутизам, наведува дека 19% од нив исто така биле дијагностицирани со нарушувањето.

Процентот во претходните студии варираше од 3 до 14%.

Ризикот е поголем кај машките бебиња, а највисок за оние од семејствата каде повеќе од едно дете има аутизам.

Истражувањето е објавено во журналот Педијатрија.

XS
SM
MD
LG