Линкови за пристапност

Почест за освојувачите на вселената


Почест за освојувачите на вселената

Почест за освојувачите на вселената

Ветераните Армстронг, Олдрин, Колинс и Глен добија Конгресен медал за менување на текот на историјата

Почест за освојувачите на вселената

Почест за освојувачите на вселената

Конгресот ги почести Нил Армстронг - првиот Американец кој стапна на Месечината, Баз Олдрин, кој го стори истото веднаш по Армстронг, Мајкл Колинс, кој пилотитраше со капсулата што ги однесе тројцата астронаути до Месечината и Џон Глен, кој во 1962-ра стана првиот Американец кој ја обиколи Земјата, а подоцна служеше и како сенатор.

На церемонијата на доделување на наградите, директорот на НАСА Чарлс Болден ја истакна нивната храброст и посветеност на мисијата и кажа дека тие “го променија текот на историјата“.

Ова е за прв конгресното признание да го добијат астронаути. Меѓу претходните добитници се Далај Лама, поборничката за демократија од Бурма Ан Сан Су Чи и Папата Јован Павле Втори.

Кус биографски поглед на наградените астронаути


Нил Армстронг, сега на 81-годишна возраст. Армстронг е првиот човек кој стапна на Месечината, на 20-ти јули 1969-та, по што ги изговори зборовите што ќе останат во историјата: „Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото“. Армстронг командуваше со мисијата за стапнување на месечината, Аполо 11, која ја исполни националната цел што ја постави претседателот Џон Кенеди осум години претходно. Армстронг е првиот кој изведе усшенно соединување меѓу две летала во вселената. Пред да стане астронаут, Армстронг бил инженер и пилот.

Баз Олдрин, сега на 81-годишна возраст. Вториот човек кој стапна на месечината, 20 минути по Армстронг. Пред да се приклучи на НАСА, бил пилот на борбени авиони за време на Корејската војна. НАСА истакнува дека Олдрин останал да предничи во напорите САД да останат лидери во вселенското истражување со човечки екипаж.

Мајкл Колинс, сега на 81-годишна возраст. Исто така дел од мисијата на Аполо 11. Беше во командната капсула на леталото додека Армстронг и Олдрин се спуштаа на Месечината. Претходно Колинс бил пробен пилот, главно на бомбардери.

Џон Глен, сега на 90 годишна возраст: Првиот Американец кој во 1962-ра година ја обиколи Земјината топка. Стана најстариот човек на вселенска мисија, кога на 77-годишна возраст, во 1998-та беше дел од екипажот на шатлот Дискавери. Глен учествувал во Втората светска и Корејската војна како пилот, а цели 25 години служеше и како сенатор.

XS
SM
MD
LG