Линкови за пристапност

САД и балансот на воена моќ во Азија


Аналитичарите велат дека напорите за прераспоредување на воените сили бараат голема вештина

САД ги зголемуваат напорите за зацврстување на армиските сојузништва во Азија и обелоденуваат планови за прераспоредување на дел од силите во тој регионот. Аналитичарите велат дека напорите за прераспоредување на воените сили, истовремено ќе бидат и акт на „одење по жица“.

Некои аналитичари потегот на САД со префрлање на сили кон Азија го гледаат како дел на долгорочна стратегија на Вашингтон за јакнење и растеж на постоечките и новите врски во регионот. Но, други велат дека тоа е дел од напорите за контратежа на растечката воена моќ на Кина.

Од моја гледна точка, една од причините за американското прераспоредување во азискиот Пафицик е да се спречи растежот на воената моќ на Кина ...
Ву Шичун, претседател од Националниот институт за студии на Јужното кинеско море...

Ву Шичун, претседател од Националниот институт за студии на Јужното кинеско море, вели дека иако американската армија и други официјални лица уверуваат дека не станува збор за такво нешто, тој не верува:

„Од моја гледна точка, една од причините за американското прераспоредување во азискиот Пафицик е да се спречи растежот на воената моќ на Кина“, вели тој.

Минатиот месец, секретарот за одбрана Леон Панета ги објави плановите за прераспоредување на 60 проценти од американските поморски сили во регионот на Пацификот до 2020-та. Тој исто така патуваше за Виетнам, со што стана прв виш американски официјален претставник кој го посети Кам Рам Беј, клучно место од логистички аспект за време на Витнамската војна. Панета зборуваше за големиот потенцијал за односите меѓу двете држави.

Виетнам и Филипините ја зголемија напнатоста со Кина изминатите години поради несогласувања во Јужното кинеско море. Обете држави гледаат кон Вашингтон за поддршка кога се справуваат со Пекинг.

Во Тајланд, држава која има силни врски со Пекинг и Вашингтон, американски и тајвански официјални лица се во средиште на дискусија за користењето на воздушната база Утапао како постојана база од каде би се доставила помош при природни и хуманитарни несреќи.

Абрахам Денмарк, регионален аналитичар за безбедносни прашања при Националното биро за азиско истражување, вели дека овие чекори се во насока на одржување на присуството на Америка во регионот.

Катрин Далпино, експерт за Југоисточна Азија при универзитетот Џонс Хопкинс вели дека разговорите во Тајланд повеќе се насочени кон зајакнување на сојузништвото отколку кон поместување на границите на присуство во регионот. Прераспоредувањето на американските сили во азискиот Пацифик има друга позадина, вели таа:

„Не се работи само за зголемен пристап, туку за пронаоѓање патишта на интерес кои ќе го одредат сојузништвото низ овој век.“, вели Даплино.

Но, не секогаш е лесно да се пронајдат патишта на заеднички интерес. Минатата недела, американската вселенска агенција НАСА требаше да ги откаже плановите за спроведување разузнавачки летови за климатските промени од базата Утапао во Тајланд. Проектот поттикна политичка дебата ве земјата, делумно поради фактот дека воздушната база беше користена од САД за време на Виетманската војна.

Кога филипинскиот претседател Бенињо Акуино го посети Вашингтон минатиот месец за разговори кои би воделе кон поголема американска поддршка, избувнаа нереди пред американската амбасада во Манила. Демонстрантите изразија загриженост за плановите за зголемување на заедничките воени вежби и присуство на американските сили во Филипините.

Но, аналитичарот Абрахам Денмарк, вели дека начинот на кој САД ја гледаат својата улога во Азија, особено во Југоисточна Азија, е поинаква од минатото, кога, тие имаа свои бази во Филипините, Тајланд и Виетнам.

„Нема да имаме повторување на она што сме го виделе за време на Студената војна или Виетнам, туку нов, помал, поагилен, политички одржлив однос со нашите партнери и сојузници“, вели Денмарк.

Кина ги окарактеризира американските напори за пренасочување армиската моќ кон Азија во правец на јакнење на армиското сојузништво како „избрзани“.

Пекинг ги повика САД да ги почитуваат неговите интереси во регионот.
XS
SM
MD
LG