Линкови за пристапност

Уметноста – уникатна промоција на Македонија


Уметноста – уникатна промоција на Македонија
Уметноста – уникатна промоција на Македонија

Изложби на Благојче Стојановски и Ирена Гапковска на маргините на Конференцијата на ОМД.

На тридневната конференција на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) викендов во Вашингтон не се говореше само за политиката. Доказ за ваквата констатација се двајца уметници кои го приближија современото македонско сликарство до поширокиот аудиториум во САД.

Битолчанецот Благојче Стојановски живее во Калифорнија. Чест мотив на овој сликар, познат во уметничкиот свет во САД само како Благојче, е паралела на страдањата на еврејскиот и македонскиот народ.

„Правам споредба во мојата композиција на двата народи, како низ историјата се бореле за својата слобода и како ги третира светот денес, по 2.000 години. Македонскиот и израелскиот народ се единствени во светот што не се признати од целата светска заедница како посебни народи ,“ вели Благојче.

Ирена Гапковска од Скопје зад себе има 11 групни изложби. Нејзин дом во САД е Мајами, каде има уметничко студио. Најчести техники и` се акрил, масло и јаглен. Уметниците даваат уникатна димензија на промоцијата на земјата од која потекнуваат, смета Гапковска.

„Мислам дека ние можеме на пософистициран начин да и` помогнеме на нашата земја. Ја промовираме Македонија преку културата, која е битен елемент од едно општество, погледнато од историско-временска дистанца. Преку културно-уметничкиот аспект се промовира и идентитетот и егзистенцијата на една земја. Самото име Македонија преку уметноста е промовирано на пософистициран начин“, коментира Гапоковска.

Уметноста е медиум преку кој на светот му откриваме кои сме и што претставуваме, потенцираат Гапковска и Стојановски.

XS
SM
MD
LG