Линкови за пристапност

Епл го претстави Ај-фон 4С


Епл го претстави Ај-фон 4С

Епл го претстави Ај-фон 4С

Новиот модел нуди можност за говорни команди

Информатичкиот гигант Епл го претстави новиот Ај-фон кој има можност да одговори на говорна команда.

Заменувајќи го за прв пат основачот Стив Џобс од појавата на Ај-фон на глобалните пазари, извршниот директор на Епл, Тим Кук го презентираше новиот модел Ај-фон 4С во седиштето на компанијата во Купертино, сојузната држава Калифорнија.

Кук рече дека со новиот мобилен телефон ќе се има можност да се поставуваат прашања, и да се добијат одговори по говорна команда. Најновиот модел ќе може и да пребарува информации на интернет по говорна команда.

Новиот Ај-фон 4С е опремен и со камера со висок квалитет и има можност да синхронизира информации меѓу различни продукти на Епл, ажурирајќи ги сите одеднаш.

Ај-фон 4С евентуално ќе може да се купи во 70 држави во светот.

Неодамнешното повлекување на Стив Џобс поради здравствени проблеми, кој важи за основач и татко во технолошката индустрија, ги подгреа шпекулациите за идното лидерство на компанијата.

XS
SM
MD
LG