Линкови за пристапност

Фокусот на јакнење на интегритетот на судиите


Интервју со Анета Арнаудовска, директоркана Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Интервју со Анета Арнаудовска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.

Интервју со Анета Арнаудовска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија е во Вашингтон, на меѓународна конференција за судска обука. Националниот центар на државни судови на САД е домаќин на собирот на 270 учесници од 70 држави во светот.

Глас на Америка: Како ќе одговорите на се`позачестените критики за зависноста на македонското судство од дневната политика?

Анета Арнаудовска: Ќе одговорам како директор на Академијата која што е задолжена да го унапреди стручното знаење и вештините на судиите, како и да ги зајакне капацитетите на македонските судии да се одбранат од притисоците - и внатрешни во самиот суд, и надворешни од другите две власти, но и од медиумите, меѓународната заедница, невладиниот сектор, кои можеби имаат свои интереси.

Особено, фокус ни е јакнење на интегритетот на судиите, етичкиот кодекс, значи, јакнење на независноста, да се одбранат од тие притисоци
Анета Арнаудовска
Како Академија, ги преземаме сите мерки за остручување на судството, во смисла на пренесување на меѓународните документи. Особено, фокус ни е јакнење на интегритетот на судиите, етичкиот кодекс, значи, јакнење на независноста, да се одбранат од тие притисоци. Притисоци постојат во сите држави и тоа го искажаа сите наши колеги на оваа конференција.

Глас на Америка: Меѓутоа, има ли независно судство во Македонија?

Анета Арнаудовска: Независно судство - има, поради тоа што Македонија ги презема сите реформи, со цел да го унапреди судството. Ние ги имаме имплементирано сите меѓународни стандарди: сопствено тело што ги избира и разрешува судиите - значи не Собранието и Владата - потоа Академијата како нова институција, која ќе обезбеди објективни критериуми за избор на новите судии и обвинители, и, секако, мора да работиме на имплементација на стандардите во пракса.

Глас на Америка: Меѓународните извештаи, речиси без исклучок, нотираат за корупцијата и навлезеноста на политиката во сите сфери на судската власт? Точно ли е?

Анета Арнаудовска: Не може да одговорите со ДА или НЕ. Корупцијата е мошне сложен проблем во судството. Сега сме во четвртиот круг на ГРЕКО евалуацијата што ја испитува способноста на Македонија да се одбрани од корупцијата во судството. Превентивните механизми се во многу сегменти од судството. Корупцијата не е само во вид на мито, туку таа може да се јави и како политичка корупција, корупција заради унапредување на повисока функција, итн.

Глас на Америка: Има ли политика во случајот Кежаровски кој ја бранува македонската и меѓународна јавност. Кој е вашиот коментар?

Сите меѓународни стандарди ни забрануваат ние како судии да коментираме било каква пресуда која што е во траење
Анета Арнаудовска
Анета Арнаудовска: Јас повеќе пати сум одговарала на новинарски прашања во врска со случајот Кежаровски. Значи, се работи за судски процес што е завршен со првостепена пресуда. Сите меѓународни стандарди ни забрануваат ние како судии да коментираме било каква пресуда која што е во траење. Да почекаме повисоките судови да ја дадат својата одлука.

Глас на Америка: Како да се направи бедем меѓу судската и извршната власт во Македонија?

Анета Арнаудовска: Принципите на незавиност се зададени во сите меѓународни стандарди. Во праксата мора многу да се работи за да се охрабрат судиите и обвинителите да бидат независни од политиката. Особено ние. како Академија, ќе бидеме фокусирани на идните судии и јавни обвинители. Во последните шест години се избрани 300 судии и јавни обвинители. Мора напорно да се работи во правецот на зајакнување на резистентноста на судиите и обвинителите спрема политиката. Значи, тоа е процес.
XS
SM
MD
LG