Линкови за пристапност

Амнести ја критикува ЕУ за третманот на Ромите


Тврди дека не успеала да го спречи насилството и дискриминацијата

Амнести интернешенал ја критикува Европската унија дека не успеала да ги спречи насилството, дискриминацијата и заплашувањето насочени кон Ромите.

На Меѓународниот ден на Ромите, Амнести наведе дека некои заедници на Ромите во Европа живеат под постојана закана од насилство и напади. Организацијата смета дека европскиот одговор на тоа бил крајно неадекватен и додава дека во некои случаи, европските држави само го потпалиле проблемот кога полицијата не успеала да ги спречи или пак да ги истражи нападите.

Амнести ја повика ЕУ видно и со сета сила да се посвети на искоренувањето на дискриминацијата и насилството насочено кон Ромите.
XS
SM
MD
LG