Линкови за пристапност

Кучињата и алергиите


Децата изложени на домашните миленичиња имаат помали шанси да развијат алергии, како астматичната

Ново научно истражување потврдува дека кучињата се корисни не само како домашни миленици, туку и против алергиите.

Истражувањето ги потврди претходните наоди дека децата кои се изложени на кучиња и мачиња имаат помали шанси да развијат алергии, како астматичната, на пример.

Во 2010-та, научниците од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско потврдија дека имунолошката реакција зависи од микробите кои живеат во цревата на човекот. Но, тие сакале да дознаат дали заштитата од алергиите, како резултат на изложеност на кучињата, фунционира и во контекст на цревните микроби.

Во новото истражување, на млади лабораториски глувци им била дадена прашина од дом со и без домашни миленици, помешана со вода. Глувците потоа биле изложени на силни алергени. Оние кои дошле во контакт со прашина од дом во кој живееле кучиња, или воопште немале алергиска реакција, или пак таа била мала. Оние кои стапиле во контакт со прашина од дом без домашни миленици, пак, имале проблеми со дишењето и мрсулав нос.

Според извештајот објавен вчера во Журналот на Националната академија на науки, глувците изложени на прашина од домови со кучиња имале големо количество на одредени микроби во цревата. Кога истите микроби биле дадени на глувците изложени на прашина од домови без кучиња, ослабела алергиската реакција и кај нив.

Новото истражување нуди дополнителен доказ дека современиот, почист начин на живот ги прави луѓето поранливи на алергии и други автоимуни заболувања.
XS
SM
MD
LG