Линкови за пристапност

Најмалку 160 загинати во невреме во Алабама


Најмалку 160 загинати во невреме во Алабама

Најмалку 160 загинати во невреме во Алабама

Претседателот Обама објави вонредна состојба.

Најмалку 160 лица загинале во големо невреме со торнада што синоќа ја погоди Алабама, соопштија властите на оваа сојузна држава, а се одрази и на поширокиот југоисточен дел на САД.

Невремето сега се движи низ Вирџинија, Западна Вирџинија и Мериленд, каде метеоролозите објавија опасност од торнада. Тоа истури обилен дожд, град со големина на топче за голф, рушеше дрвја врз домови и креваше тешки предмети во воздухот како да се играчки. Стотици илјади лица се без електрична енергија.

Најтешко погоден е градот Тускалуза во Алабама, каде, според градоначалникот Волтер Мадокс, „биле збришани цели квартови“. Торнада имало и во градот Бирмингем.

Гувернерот на Алабама Роберт Бентли ги предупреди жителите дека е можно ново невреме.

Претседателот Барак Обама објави вонредна состојба за Алабама на федерално ниво, со што овозможи помош од федералната влада и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Претходно месецов, во невремето што го погоди јужниот дел на САД, загинаа 45 лица.

XS
SM
MD
LG