Линкови за пристапност

Суспендирани официјални лица на Ер Азија

Relatives of passengers onboard AirAsia flight QZ8501 cry in a waiting area at Juanda International Airport in Surabaya December 29, 2014. A missing AirAsia jet carrying 162 people could be at the bottom of the sea after it was presumed to have crashed of

Потегот доаѓа на деветиот ден од потрагата по урнатиот авион, по веста дека летот бил без дозвола

Индонезија суспендираше неколку официјални лица од цивилната авијацијата по откритието дека летот 8501 на Ер Азија немал уредна дозвола за летање на денот кога паднал среде невремето над Јаванското Море.

Потегот доаѓа на деветиот ден од потрагата по жртвите на патничкиот авион кој исчезна на рутата од Индонезија до Сингапур на 28 декември.

Од 162 лица на авионот, пронајдени се само 37 тела.

Повеќенационалниот тим за потрага продолжува да ги пребарува водите за останки. Сепак, официјални лица велат дека подводните струи кај тоа што се верува дека е главното тело на авионот се` уште се премногу силни за нуркачите да се спуштат до него.

Досега се пронајдени 37 тела, но само 13 се идентификувани. Лошите временски услови минатата недела беа главна причина за забавувањето на спасувачките напори.

Екипите се` уште се надеваат дека ќе стасаат до

„црната кутија“, што ќе даде информации за уривањето на авионот.

XS
SM
MD
LG