Линкови за пристапност

Уапсени над 700 демонстранти во Њујорк


Уапсени над 700 демонстранти во Њујорк

Уапсени над 700 демонстранти во Њујорк

Членови на „Окупирај го Вол Стрит“ се обидоа да спроведат протестен марш преку мостот Бруклин

Полицијата уапси над 700 демонстранти во Њујорк саботата навечер, кога се обидоа да спроведат протестен марш преку мостот Бруклин.

Демонстрантите на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ причинија привремено затворање на мостот, протестирајќи против, како што наведуваат, алчноста на корпорациите, социјалната нееднаквост и други прашања.

„Економијата се урива насекаде околу нас, луѓето гладуваат и немаат работа.

Прошетајте по улиците на Менхетн и ќе забележите колку има бездомници. Без оглед на тоа – алчноста на овие корпорации – милиони долари само за патувања по светот. Многу луѓе работеа напорно за она што треба да го добијат, а сега го губат. Ако Америка смета дека ни е добро – не ни е добро. Треба да ни се придружат уште повеќе луѓе и да протестираат за нашите права и за она што го заслужуваме како човечки суштества“, вели една демонстранка која го даде само своето име - Џенет.

Њујоршката полиција соопшти дека привела дел од демонстрантите кога излегле од патеката за пешаци и зафатиле дел од улицата долж мостот, блокирајќи го сообраќајот.

Интернет-страницата на „Окупирај го Вол Стрит“ ги опишува протестите како „движење без лидери“. Неговите членови веќе две недели кампуваат во финансискиот кварт во Њујорк.

Слична ситуација и во Бостон. Движењето „Да го вратиме Бостон“ одржа протестен марш пред канцелариите на Банката на Америка. Полицијата уапси над 20 демонстранти.

XS
SM
MD
LG