Линкови за пристапност

Вести од САД во минута – 15-ти август 2011-та


Вести од САД во минута – 15-ти август 2011-та

Вести од САД во минута – 15-ти август 2011-та

Преглед во 60 секунди:

Обама со турнеја по Средниот Запад реагира на дебатата на републиканските претседателски кандидати викендов дека не чини доволно за економијата.

***

Конгресот да не ги гали милијардерите и да ги зголеми нивните даноци, бара – милијардерот Ворен Бафет.

***

Во Индијана комеморација за петорицата загинати кога се сруши сцената на концертот на групата Шугарленд.

***

Ризикот помалите деца да развијат аутизам во семејства каде постарите патат од него поголем отколку што порано се мислеше, според нова студија од Калифорнија.

***

Хакерите Анонимус упаднаа во јавниот сообраќаен систем на Сан Франциско – објавија податоци на 2.000 корисници.

***

Интернет-гигантот Гугл ја купува компанијата за мобилни телефони Моторола за 12,5 милијарди долари.

***

Подемот на Планетата на мајмуните веќе втора недела најгледан филм во САД.

XS
SM
MD
LG