Линкови за пристапност

„50 центи“ ги посети Сомалија и Кенија


„50 центи“ ги посети Сомалија и Кенија

„50 центи“ ги посети Сомалија и Кенија

Потресен од проблемот со гладта, импресиониран од оптимизмот на погодените.

Американскиот рапер Куртис Џексон, познат меѓу обожавателите како „50 центи“, вели дека во бегалскиот камп во Сомалија видел „уништувачки“ сцени.

Светската програма за храна на ОН неодамна организираше посета на Џексон нa Сомалија и Кенија, од прва рака да се запознае со борбата против гладта во овој дел на Африка.

Џексон го посети кампот за бегалци Кабаса во јужна Сомалија, каде илјадници побараа засолниште од војната и сушата. Вели, жените и децата ризикувале се` - само да стасаат до храна.

Популарниот рапер посетил и училиште во сиромашен кварт во Најроби, каде, вели, децата го инспирирале бидејќи немале ништо, а сепак биле позитивни.

„50 центи“ апелираше што е можно поголем број на луѓе да му се приклучат во каузата за хранење на гладните деца. Лани вети дека ќе обезбеди една милијарда оброци и дека ќе одвои 10 центи од секој продаден примерок на неговиот нов енергетски пијалок, „Кралот на улицата“ за Светската програма за храна.

XS
SM
MD
LG