Линкови за пристапност

Протести за Први мај низ цел свет


Работниците бараат подобри услови, протестираат поради строгите мерки за кратење на буџетските дефицити...

Стотици илјади работници со протести во метрополите ширум светот го одебележуваат меѓународниот Ден на трудот, барајќи подобри работни услови.

Во Европа, на улиците на Атина, Париз и Мадрид и на други места, протестите беа поттикнати од незадоволството поради мерките на штедење што владите ги преземаа за да ги скратат буџетските дефицити. Во шпанскиот главен град илјадници го кренаа гласот против највисоката стапка на невработеност во еврозоната и новите правила што овоможија полесно отпуштање од работа.

Во Азија, Први мај беше одбележан во Тајланд, Бангладеш и Индонезија. Француската новинска агенција јави дека собирот во Џакарта бил најголем на азискиот континент.

Во Русија, двајца претседатели – едниот на заминување, а другиот кој доаѓа на функцијата, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, се приклучија на десетиците илјади лица кои минаа низ Москва.

Во САД, припадниците на движењето „Окупирај го Вил стрит“ протестираа пред седиштата на главните корпорации.

XS
SM
MD
LG