Линкови за пристапност

Грижата со грчката криза се одразува глобално


Грижата со грчката криза се одразува глобално

Грижата со грчката криза се одразува глобално

Голем пад на светските берзи поради загриженоста на инвеститорите дека Грција нема да може да ги отплаќа заемите со кои треба да ја спаси својата економија. Додека Грција не е голема економска сила, сепак, има позајмено голема сума на пари и нејзиното заминување во банкрот ќе испрати бран на штетa ширум банките во многу земји

Кризата на светските пазари се шири поради стравувањата дека Грција нема да биде во можност да ги исплаќа заемите. Грижата ја подгреа и изјавата на германски официјален претставник дека не се исклучува ниту можноста за банкротирање.

Странските банки имаат милијарди долари заеми во Грција и може да бидат опасно погодени ако земјата банкротира. Повеќето од банките потекнуваат од Франција. Француските банки и владини официјални лица се обидоа да ги уверат пазарите дека имаат доволно пари да ги покријат очекуваните загуби.

Но, инвеститорите се најверојатно се` уште загрижени дека банкротирањето на Грција може негативно да се одрази врз француските банки и дека тамошните институции ќе имаат проблеми со исполнување на своите обврски со заемите од други банки во светот, вклучувајќи ги и САД. Извештај кој посочи дека може да се очекува и намалување на кредитната способност на некои француски банки дополнително ја зголеми загрижноста.

Еден економски експерт од универзитетот Њујорк Нил Баровски, вели дека пазарите може да останат во криза подолго време:

„Ќе забележите вистинска криза на доверба. На одреден начин, како да се работи за 2008-ма, но никој не знае што точно ќе се случи ако има домино-ефект“, вели тој.

Германија, Грција, Франција и 14 други земји имаат заедничка евопска валута – евро, испреплетеност на економиите, и за добро и за лошо.

Ова е една причина што грчките проблеми креваат загрижност за финансиска кредитоспособност на третата и четвртата економија во евро-зоната, Италија и Шпанија. Првиот човек на европската централна банка Жан Клод Тришет ја повика Грција да ги исполни обврските и да ја намали кризата. Тој се обиде да ги увери инвеститорите дека глобалната економија и нема да западне повторно во рецесија.

Тришет зборуваше во понеделникот по средбата со банкарите од централните банки ширум светот. Тој рече дека централните банки се подготвени да преземат понатамошни чекори за зајакнување на економијата.

XS
SM
MD
LG