Линкови за пристапност

Обама: несекојдневни промени на Блискиот Исток и во Северна Африка


Обама: несекојдневни промени на Блискиот Исток и во Северна Африка

Обама: несекојдневни промени на Блискиот Исток и во Северна Африка

Во говорот во Стејт департментот најави помош за Египет и Тунис

Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави „несекојдневните промени“ на Блискиот Исток и во Северна Африка, но кажа дека многу земји на повиците за промени одговориле со насилство.

Најекстремен пример е Либија, каде Моамар Гадафи поведе војна против сопствениот народ, рече Обама во обраќањето во Стејт департментот. Според американскиот претседател, доколку САД и партнерите не реагираа, во Либија ќе загинеа илјадници лица.

За Сирија рече дека избрала „пат на убиства и масовни апсења“ и го повика претседателот Башар ал-Асад или да раководи со транзицијата кон демократијата, или „да се тргне од патот“. Обама побара сириската влада да прекине да пука во демонстрантите, да дозволи мирољубиви протести и да запре со неправедните апсења.

Првиот човек на САД подвлече дека во поседните шест месеци беа сменети два водача од Блискиот Исток и Северна Африка, како и дека “можеби ќе има и други“, бидејќи народот се дигнал за да добие основни права.

Американската политика е да промовира реформи ширум регионот и да поддржи транзиција кон демократијата, рече Обама, според кого тој напор започнува со Египет и Тунис.

Оцени дека трајниот мир меѓу Израел и Палестинците е најпотребен од кога и да е претходно. Обама во петок треба да се сретне со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

По долгогодишна војна против Ал-Каида и нејзините сојузници, САД зададоа тежок удар на екстремистите со убиството на Осама бин Ладен во рацијата во Пакистан, кажа американскиот претседател. За Обама, водачот на Ал-Каида не е маченик, туку масовен убиец.

Претседателот најави финансиски иницијативи за поддршка на економската модернизација, реформите и стабилноста на Египет и Тунис, каде продемократските движења доведоа до симнување на авторитарните водачи од власта. Белата куќа најави првична една милијарда долари во форма на простување на долговите и инвестиции, како и дополнителна една милиајрда во кредитни гаранции за овие земји.

Говорот на Обама дојде во ситуација кога понасилните судири во Либија, Јемен, Сирија и на други места ги засенија револуциите во Египет и Тунис.

Обама рече дека јеменскиот претседател Али Абдула Салех треба да го исполни ветувањето за предавање на власта.

Обама, кому еден од заштитините знаци на претседателската функција му е обидот да допре до исламскиот свет, веќе се обрати до муслиманите ширум светот во Каиро во 2009-та.

XS
SM
MD
LG