Линкови за пристапност

Обама ќе го предложи Лион Панета нов секретар за одбрана


Обама ќе го предложи Лион Панета нов секретар за одбрана

Обама ќе го предложи Лион Панета нов секретар за одбрана

Дејвид Петреус за директор на ЦИА, Рајан Крокер за амбасадор во Авганистан а Џон Ален за главен командант во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денес треба да го именува директорот на ЦИА Лион Панета на функцијата секретар за одбрана, на која сега се наоѓа Роберт Гејтс.

Владини лица велат и дека Обама ќе го назначи армискиот генерал Дејвид Петреус, кој во моментов раководи со воените операции во Авганистан, за нов директор на ЦИА.

Долгогодишниот дипломат Рајан Крокер треба да биде новиот амбасадор на САД во Авганистан, а генерал-полковникот Џон Ален да дојде на местото на Петреус како командант на силите во Авганистан. Ален во моментов е заменик-командант на Американската централна команда.

За сите четири номинации е потребна потврда од Сенатот.

Секретарот Гејтс претходно соопшти дека годинава планира да замине од функцијата. Гејтс беше на чело на ЦИА од 1991-ва до 1993-та, кога претседател беше Џорџ Херберт Вокер Буш.

XS
SM
MD
LG