Линкови за пристапност

Во ОН потпишување на договорот за трговија со оружје


Activists campaigning for a global arms trade treaty hold placards during a protest in New Delhi, India, Sept. 13, 2006.

Activists campaigning for a global arms trade treaty hold placards during a protest in New Delhi, India, Sept. 13, 2006.

САД најавија дека ќе стават потпис веднаш откако ќе биде комплетирана официјалната верзија на преводот од страна на ОН.

Претставници на преку 60 земји во седиштето на ОН во Њујорк ставија потпис на првиот договор за регулирање на трговијата со конвенционално оружје, на која отпаѓат 70 милијарди долари.

Иран, Сирија и Северна Кореја беа единствените земји кои гласаа против договорот што Генерално собрание го усвои во април.

САД не беа во редицата земји-потписнички денеска. Според изјавата на државниот секретар Џон Кери, земјата која е најголем извозник на оружје во светот ќе го потпише договорот веднаш откако ќе биде комплетиран официјалниот превод на договорот од страна на ОН. Кери наведува и дека договорот е „важен придонес кон напорите да се спречи незаконската трговија со конвенционално оружје која разгорува судири, ги поттикнува насилните екстремисти и придонесува за кршење на човековите права“.

Националото здружение за огнено оружје, моќна лоби-организација во САД, е против договорот и најави дека ќе се обиде да ја спречи неговата ратификација во Сенатот.
XS
SM
MD
LG