Линкови за пристапност

Торнадата однесоа нови жртви во САД


Торнадата однесоа нови жртви во САД
Торнадата однесоа нови жртви во САД

Најмалку 13 загинати во Оклахома, Канзас и Арканзас

Ново силно невреме со торнада однесе најмалку 13 жртви во централниот дел на САД, само два дена по најсмртоносното торнадо во земјата во последните 60-тина години, што ја погоди сојузната држава Мисури.

Невремето ги погоди сојузните држави Оклахома и Канзас и Арканзас вторникот навечер. Властите се` уште ја проценуваат штетата. Невремето, проследено со град голем колку топчиња за безбол, како од шега рушеше дрвја, креваше автомобили во воздух и распарчуваше домови.

Торнадата однесоа нови жртви во САД
Торнадата однесоа нови жртви во САД
Бројот на жртви од торнадото што неделата го погоди местото Џоплин во Мисури, пак, сега изнесува 123 и се очекува натамошно да расте. 1.500 лица во градот од 50.000 се` уште се водат за исчезнати, но властите наведуваат дека голем број од нив најверојатно не се во можност да ги контактират роднините поради прекините во телефонската комуникација.

Вкупниот број на загинати од торнадата оваа недела и торнадата од изминатите неколку недели во јужниот дел на САД нарасна на преку 500. Досега најтрагичен биланс е забележан во 1953-та, кога од торнада загинале 519 лица.

XS
SM
MD
LG