Линкови за пристапност

Светски ден против пушењето


Светски ден против пушењето

Светски ден против пушењето

СЗО тврди дека опаѓа бројот на пушачи во светот

Светската здравствена организација по повод Денот без тутун – 31-ви мај, вели дека постојат индикации оти глобалната употреба на тутунот се чини дека е во опаѓање. Организацијата тврди дека трендот главно се должи на имплементација на Рамковната конвенција за контрола на пушењето на СЗО.

Конвенцијата, првиот јавен договор од областа на здравството усвоен досега, стапи на сила во 2005-та година. Досега ја ратификувале 173 земји ширум светот.

Раководителот на Секретаријатот на конвенцијата, Хаик Никогосиан, вели дека 80 проценти од инволвираните страни, или ја усвоиле или ја зајакнале легислативата за контрола на пушењето по усвојувањето на конвенцијата. Тој ова го нарекува мошне силно глобално достигнување.

„Мислам дека ја добиваме битката. Ова е долга битка, ќе бидат потребни многу, многу години, но епидемијата на употреба на тутунот, вклучувајќи ги и земјите каде трендот претставувал голем предизвик, почнува да бележи опаѓање. Во меѓувреме ќе бидат загубени уште милиони животи, но охрабрувачки е што трендот бележи пад“, вели Никогосиан.

На пример, пушењето во Австралија, Норвешка и Мексико опаднало за пет проценти за период од пред шест години.

Уште подраматични резултати доаѓаат од Уругвај, каде пушењето опаднало од 46 на 31 процент изминативе три години.

Армандо Перуга менаџер на програмата Слободна иницијатива против пушењето при СЗО, сепак вели дека крајните резултати од употреба на цигарите се катастрофални.

„Само годинава, од епидемијата на употреба на тутунот, се предвидува дека ќе починат околу шест милиони лица , вклучувајќи преку 600.000 непушачи кои ќе починат поради изложеност на тутунот“, вели овој експерт.

До 2030-та година, д-р Перуга предупредува дека тутонот ќе убие осум милиони лица од кои ореку 80 проценти ќе живеат во земји со ниски или средни примања.

Според СЗО, најефикасна мерка за намалување на овој тренд е зголемување на данокот за цигари. Меѓу други методи е и забраната за рекламирање на овој производ и негова продажба на малолетници. Тука се и впечатливи предупредувања по здравјето на кутиите за цигари и забрана за пушење на јавни места.

XS
SM
MD
LG