Линкови за пристапност

Влијателно наследство на Осама бин Ладен во Јемен


Влијателно наследство на Осама бин Ладен во Јемен

Влијателно наследство на Осама бин Ладен во Јемен

Малку места виделе идеологијата на бин Ладен да фати толку силни корени како што во Јемен, сиромашна арапска нација од каде потекнува лидерот на ал-Каида

Ал Каида на Арапскиот Полуостров е една од најактивните групи инспирирани од бин Ладен. Изминативе неколку години има учествувано во заговори за соборување на американски авион, испраќање на бомби преку карго авиони, напади врз амбасади и убивање на странски државјани.

Постои директна поврзаност со главната група ал-Каида која ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад врз американскиот носач на авиони во Јемен во 2000-та година.

Според јеменскиот писател и политички аналитичар Насер Арабје локалната група можно е дури да ги презела активностите на својот претходник.

„Имаат ист став, исти цели, исти методи. Можно е ал-Каида на Арапскиот Полуостров да е поопасна поради актуелниот јеменско-американски лидер Анвар ал Авлаки“, вели Арабје.

Авлаки е роден во САД и се смета за лицето на новата генерација терористи. Воедно САД го сметаат за осмислувач на оперативните активности, за Интернет сензација, со свој блог, со свои видео спотови кои ги пласира преку Ју-туб, а преку својот Фејсбук профил провлекува следбеници.

Токму социјалните медиуми и нивните предности беа искористени од јемските екстремисти кои креираа Фејсбук страници во чест на бин Ладен, само неколку часа по соопштението дека е убиен. Иако бин Ладен има мал удел во една локална група, тој и натаму останува нејзин моќен симбол.

Вашингтон го направи јеменскиот претседател Али Абдула Салег партнер во борбата во борбата против ал- Каида и го поддржа воено и финансиски.

Наџеб Ганем е член на опозицијата во јеменскиот парламент. Тој вели дека смета оти стабилизациониот систем што ќе остане активен по успехот на револуцијата, ќе може да се справи со промените во Јемен. Тој не мисли дека ќе има опасна закана од страна на ал- Каида.

Сепак, овој политичар важи за еден од ретките оптимисти во земјата која се соочува со закани од многу страни.

XS
SM
MD
LG